.

Russian Orthodox Mission Society of st. Serapion Kozheozersky

.
Русский
ru
Azərbaycan dili
az
Gjuha shqipe
sq
English
en
العربية
ar
հայերեն
hy
Afrikaans
af
Български език
bg
Cymraeg
cy
Magyar nyelv
hu
Việt ngữ
vi
Ελληνικά
el
ქართული ენა
ka
Dansk
da
עִבְרִית
he
Bahasa Indonesia
id
Español
es
Íslenska
is
Gaeilge
ga
italiano
it
Қазақша
kk
Gĩgĩkũyũ
ki
中文
zh
한국어, 조선말
ko
Κurdî
ku
Кыргыз тили
ky
Latviešu
lv
Lietuvių kalba
lt
mk
Bahasa Melayu
ms
Malti
mt
Монгол хэл
mn
Deutsch
de
Nederlands
nl
Norsk
no
język polski
pl
Português
pt
Limba română
ro
Cebuano
ceb
Српски
sr
slovenčina
sk
kiswahili
sw
Tagalog
tl
Тоҷикӣ
tg
ภาษาไทย
th
Тыва дыл
tyv
Türkçe
tr
اردو
ur
Ўзбекча
uz
فارسی
fa
suomi
fi
Français
fr
हिन्दी
hi
Hrvatski jezik
hr
Český jazyk
cs
Svenska
sv
eesti keel
et
日本語
ja

Реквизиты для пожертвований:

41001409981867

III. НИЕ И ОНИЕ КОИ НÉ ОПКРУЖУВААТ

Односот кон другите луѓе

84. „Христијанинот е должен да биде учтив кон сите. Неговите зборови и дела треба да дишат со благодатта на Светиот Дух која што присуствува во неговата душа за на тој начин да Го славослови Името Божјо.Оној кој што го испитува секој збор, тој го испитува и секое дело.Оној кој што ги проверува зборовите кои што се спрема да ги каже, ги проверува и делата кои што се спрема да ги направи и никогаш нема да ја прејде границата на доброто и добродетелно поведение. Благодатните зборови на христијанинот се карактеризираат со деликатност и учтивост. Тоа е она што ја раѓа љубовта, ги носи мирот и радоста. А грубоста ја раѓа омразата, непријателството, жалоста, желбата да се победува во споровите, безпоредокот и војните“ (Св. Нектариј Егински. Пат кон среќа, 7).

85. „Радосно е да се чувствува дека помеѓу луѓето нема и неможе да има непријатели, а има само несреќни браќа кои се достојни за сожалување и помош дури и тогаш кога тие, заради недоразбирање, стануваат наши непријатели и војуваат против нас. Тие не разбираат дека непријателот се наоѓа во нас самите и дека најпрвин треба него да го избркаме од себеси, а потоа и на другите да им помагаме да го сторат истото. Ние имаме еден општ непријател – тоа е ѓаволот и неговите зли духови, а човекот, колку и да паднал ниско, никогаш не ги губи барем неколкуте искри на светлина и добрина кои што можат да бидат раздувани во силен пламен. А ние немаме никаква добивка од војувањето со луѓето, дури ако тие постојано би ни задавале различни удари и клевети... Да се војува со луѓето – тоа значи да се застане на нивната лажна позиција. Дури и во случај на успех таа војна ништо не би ни дала, а би не оддалечила на долго од нашата задача“ (Свешт. испов. Роман (Медвед). Писмо кон ќерката од логор, 1932).

86. „Со сите сили барај од Господа смирение и братска љубов, бидејќи за љубовта кон братот Господ бесплатно ја дава Својата благодат. Самиот испитај: еден ден барај од Бога љубов кон братот, а другиот живеј без љубов и тогаш ќе ја увидиш разликата“ ( Преп. Силуан Атонски. Списи, XVI. 8).

87-88. „Украсувај се со правда, труди се секому да ја говириш вистината и не ја потврдувај лагата кој и да би просел. Ако ја кажеш вистината и со тоа се изложиш на нечиј гнев, не жали поради тоа, но утешувај се со зборовите на Господа: блажени се гонетите поради правда, бидејќи нивно е Царството Небесно“ (Св. Генадиј Константинополски. Златна алка, 26, 29).

89. „Светиот Исаија рекол: ако некој лукаво се однесува кон својот брат, тој нема да ја избегне срдечната мака“ (Древен патерик, 10. 28).

90. „Оној кој што во нешто се доверил на надежда во Бога, затоа веќе не се кара со ближните“ (Преп. Марко Подвижник. Проповеди, 2. 103).

91. „Зближувај се со праведните и преку нив ќе се приближиш до Бога. Разговарај со оние кои имаат смирение и ќе се научиш на нивните добродетели... Оној кој што оди по примерот на оние кои Го љубат Бога, тој ќе се обогати со тајните Божји, а оној кој што оди по примерот на неправедниот и горделивиот, тој ќе се оддалечи од Бога и ќе биде намразен од своите пријатели“ (Преп. Исаак Сирин. Поуки, 57, 8).

92. „Свети Пимен Велики рекол: бегај од човек кој што љуби да спори“ (Древен патерик, 11. 59).

93. „Ако не си во состојба да ја затвориш устата на оној кој што го клевети својот пријател, тогаш, во краен случај чувај се од општење со него“ (Преп. Исаак Сирин. Поуки, 89).

Како да се однесуваме кон гревовите на нашите ближни

94-95. „Луби ги грешниците, но мрази ги нивните дела и не ги осудувај грешниците поради нивните дали за да не паднеш во нивното искушение... На никого немој да се гневиш и никого немој да мразиш, ни поради верата, ни поради неговите лоши дела... Не гај омраза кон грешникот затоа што сите ние сме имаме вина... Мрази ги неговите гревови и моли се за него за да се уподобиш на Христа Кој што не негодувал на грешниците, но се молел за нив“ (Преп. Исаак Сирин. Поуки, 57, 90).

96. „Злото варај го во себе а не во другите луѓе или во работите кон кои ти не си знаел правилно да се однесуваш. Така и детето се служи со ножот и со огнот: себеси се гори, себеси се сече“ (Преп. Севастијан Карагандински).

97. „Братот го прашал старецот: „ако го видам гревопадот на братот, добро ли е ако го скријам?„ Старецот одговорил: „Кога ние од љубов ќе го скриеме гревот на братот, тогаш и Бог ќе ги сокрие нашите гревови; а кога го откриваме пред другите гревот на братот, тогаш и Бог ќе ги направи познати на лужето нашите гревови“ (Древен патерик, 9. 9).

98. „Не се лути на оние кои грешат... немај страст да ги заприметуваш кај ближниот разните гревови и да го осудуваш како што обично правиме; секој за себе ќе даде одговор пред Бога... особено не гледај злонамерно на гревовите на оние кои се постари од тебе, бидејќи тоа не е твоја работа... ти своите гревови, своето срце исправај го“ (Св. Јован Кронштадски. Мојот живот во Христа, I, 6).

99. „Ако го видиш ближниот во грев, не гледај само на тоа, но поразмисли што направил или прави добро и не ретко ќе најдеш дека тој е подобар од тебе“ (Св. Василиј Велики. Беседи. 20).

100. „Ако видиш човек што греши и не го пожалиш, тогаш благодатта ќе те остави... А оној што вика на лошите луѓе, но не се моли за нив, тој никогаш нема да ја познае благодатта Божја“ (Преп. Силуан Атонски. Списи, VII. 4, VIII. 6).

101. „Оној кој што строго ги испитува туѓите престапи, тој нема да добие никакво снисходење кон своите“ (Св. Јован Златоуст. За статуите. 3, 6).

Да се разобличува ли оној кој што греши?

102. „Подобро со благоговение да се молиме за ближниот, отколку да го осудуваме во секое согрешение“ (Преп. Марко Подвижник. Поуки, 2. 222).

103. „Не се труди со обличувања да му принесеш полза на оној кој се фали со добродетелите бидејќи оној кој што сака себеси да се покажува, тој не може да биде љубител на вистината“ (Преп. Марко Подвижник. Поуки. 2. 222).

104. „Оној кој што со страв Божји го вразумува и поучува оној кој што греши, тој се здобива со добродетел спотивна на гревот. А злопамтивиот и недобропожелниот одрекувач на грешникот паѓа, по духовниот закон, во истата страст со него“ (Преп. Марко Подвижник. Поуки. 2. 183).

105. „Кога ќе посакаш да поучиш некого на добро, успокој го претходно телесно и со збор на љубов. Бидејќи ништо така не го тера човекот на срам и на отфрлање на порокот и на измена кон подобро како телесното почитувањето кое го гледа од твоја страна... потоа со љубов кажи му збор два и не се распалувај кон него со гнев за да не види во тебе знаци на непријателство. Бидејќи љубовта не умее да се гневи и да се раздразнува“ (Преп. Исаак Сирин. Поуки. 85, 57).

Осудување

106. „Оној кој што бара прошка на гревовите, го љуби смирението. Оној кој што го осудува другиот, ги зајакнува своите лоши дела“ (Преп. Марко Подвижник. Поуки. 1. 126).

107-108. „Осудувањето на гревовите е дело на безгрешните, но кој е без грев, освен Едниот Бог? Оној кој што помислува со срцето за многуте свои гревови никогаш нема да посака од соблазнувањето на другиот да направи тема на својот разговор. Да се суди човек кој што се соблазнил е знак на гордост, а на гордите Бог им се противи. Напротив, оној кој што секој час се подготвува да даде одговор за своите гревови, не брза да ја крене главата за да ги испитува туѓите гревови“ (Св. Генадиј Константинополски. Златна алка. 53-55).

109-110. „Умниот човек, вкусувајќи грозје, ги бере само зрелите зрна, а киселите ги остава; исто така и расудителниот ум внимателно ги заприметува добродетелите во другите; а безумниот човек ги бара пороците и недостатоците... Дури и со свои очи да го видиш оној кој што греши не го осудувај, бидејќи често и очите нé лажат“ (Преп. Јован Лествичник. Лествица. 10. 16-17).

111. „Ако имаш грешна навика да ги осудуваш луѓето, тогаш, кога ќе осудиш некого направи во тој ден три земни поклони со оваа молитва: „Спаси го Господи и помилуј тој и тој (оној кого што си го осудил) и по неговите молитви помилуј ме грешниот„ И така прави секогаш кога некого ќе осудиш. Ако го исполниш тоа, Господ ќе го види твојот напор и засекогаш ќе те избави од таа гревовна навика. А ако не осудуваш никого, тогаш Бог никогаш нема да те осуди и така ќе се спасиш“ (Св. свеш. испов. Сергиј (Правдољубов).

Како да се однесуваме кон оние кои нé навредуваат

112. „Оној што е моли за луѓето кои што го навредуваат, тој ги победува демоните, а оној кој им се спротивставува, бива победуван“ (Преп. Марко Подвижник. Поуки. 1, 45).

113. „Ако некој кој е презрен од некого, ни со збор, ни со мисла не се кара со него, тој се здобил со вистинско знаење и покажува тврда доверба кон Бога“ (Преп. Марко Подвижник. Поуки. 2. 119).

За проштевање на навредите

114. „Таков е кај нас законот: ако простуваш, тоа значи дека и тебе Господ ќе ти простил, ако не простуваш, тоа значи дека и твојот грев останува со тебе“ (Преп. Силуан Атонски. Записи. VII, 9).

115. „На сите, љубезни браќа и сестри, ни предстои да умреме, и тешко нам ако еден со друг, живеејќи на овој свет, не се љубиме, ако не се примируваме со нашите противници на кои сме им лути, ако, еден со друг жалостејќи се, не си простиме – во тој случај нема да имаме на тој свет вечен покој и блаженство, и нема да ни ги прости нашиот Отец Небесен нашите гревови“ (Св. Петар Цетински. Послание кон Радуловичи. 1805).

116. „Простувањето на навредите е знак на вистинска љубов, слободна од лицемерие. Бидејќи така и Господ го возљубил овој свет“ (Преп. Марко Подвижник. Поуки. 2. 48).

Кога нé укоруваат

117. „Оној кој што нé укорува треба да го примаме како пратен од Бога обличител на скриените во нас зли мисли, за да ние, откако со точност ќе ги разгледаме нашите мисли, да се исправиме... бидејќи ние не знаеме за злото кое што се крие во нас; само на совршениот човек му е својствено да ги помни сите свои недостатоци“ (Преп. Марко Подвижник. Поуки. 6).

118. „Колку од сета душа се молиш за оној кој што те клевети, толку Бог им ја открива вистината на оние кои што поверува на клеветата“ (Преп. Максим Исповедник. Глави за љубовта. 4. 89).

Кога нé фалат

119. „Кога ќе почнат да нé фалат да побрзаме да се потсетиме на мноштвото наши гревови; и ќе увидиме дека навистина сме недостојни за она што другите го велат или го прават во наша чест“ (Преп. Јован Лествичник. Лествица. 22. 42).

Злопамтење

120. „Ако на некого му го памтиш злото, моли се за него, и, со молитва одделувајќи ја тагата од спомените за злото кое што ти го направил, ќе ги сопреш движењата на страстите; а станувајќи дружељубив и човекољубив, совршено ќе ја изгониш таа страст од душата. Кога некој друг ти се лути, биди кон него ласкав, смирен и однесувај се кон него со добро и ќе го избавиш од страста“ (Преп. Максим Исповедник. Глави за љубовта. 3. 90).

121. „Душата која што храни омраза кон човек неможе да биде во мир со Бога, Кој што рекол: „ако не им ги проштевате на луѓето нивните согрешенија, ни вашиот Отец нема да ви ги прости вам вашите согрешенија“ (Мт. 6: 15). Ако некој човек не сака да се помири, ти сепак сочувај се од омраза, чистосрдечно моли се за него и го злослови“ (Преп. Максим Исповедник. Глави за љубовта. 4. 35).

Љубов кон непријателите

122. „Кој не ги љуби непријателите, тој не може да го познае Господа и сладоста на Светиот Дух. Духот Свет учи да се љубат непријателите така, што со душата ќе жали за нив, како за свои деца“ (Преп. Силуан Атонски. Списи. I. 11).

123. „Ако некој те навреди, те посрами или те избрка, не мисли на тоа што ти се случило, но на тоа што следело или ќе следи потоа и ќе видиш дека навредувачот станал за тебе причина на многу добра, не само во овој но и во исниот век“ (Преп. Марко Подвижник. Поуки. 1. 14).

124. „Не сакај да слушаш за несреќата на твоите непријатели. Бидејќи оние кои што слушаат такви зборови потоа ги жнеат плодовите од своите желби“ (Преп. Марко Подвижник. 2. 173).

125. „Ве молам испитајте. Ако некој ве жалости, или ве бесчести, или зема нешто ваше, тогаш молете се: „Господи, сите ние сме Твои созданија; сожали се на Твоите слуги и обрати ги кон покајание„ и тогаш ќе ја чувствувате во вашата душа благодатта. Принуди го твоето срце да ги љубо своите непријатели и Господ, кога ќе ја види твојата желба, ќе ти помогне во сé, и самото искуство ќе ти покаже. А оној што лошо мисли за своите непријатели, во него нема љубов Божја и не Го познал Бога“ (Преп. Силуан Атонски. Списи. IX. 21).

ruРусский
azАзербайджанский
sqАлбанский
enАнглийский
arАрабский
hyАрмянский
afАфрикаанс
bgБолгарский
cyВаллийский
huВенгерский
viВьетнамский
elГреческий
kaГрузинский
daДатский
heИврит
idИндонезийский
esИспанский
isИсландский
gaИрландский
itИтальянский
kkКазахский
kiКикуйю
zhКитайский
koКорейский
kuКурдский
kyКыргызский
lvЛатышский
ltЛитовский
mk
msМалайский
mtМальтийский
mnМонгольский
deНемецкий
nlНидерландский
noНорвежский
plПольский
ptПортугальский
roРумынский
cebСебуано
srСербский
skСловацкий
swСуахили
tlТагальский язык
tgТаджикский
thТайский
tyvТувинский
trТурецкий
urУрду
uzУзбекский
faФарси
fiФинский
frФранцузский
hiХинди
hrХорватский
csЧешский
svШведский
etЭстонский
jaЯпонский



© Russian Orthodox Mission Society of st. Serapion Kozheozersky
write us